Доминација на Синер, во финалето во Мајами на Димитров му дозволи да освои само четири гема

Јаник Синер продолжува со неверојатните игри и жетвата на трофеи во 2024 година и вечерва ја освои титулата на Мастерсот во Мајами.

Ова е трет освоен турнир на Синер во 2024 година по триумфите на Отвореното првенство на Австралија и во Ротердам, а загуби едиствено во полуфиналето на Мастерсот во Индијан Велс и тоа од Карлос Алкарас со 1-2 во сетови (6:1,3:5,2:6).

Италијанецот во финалето нa Мастерсот во Мајами за само 74 минути игра во два сета и тоа со 6:3,6:1 го победи Григор Димитров.

Од утре, Синер ќе биде втор тенисер на АТП ранг-листата, прескокнувајќи го Карлос Алкарас, а пред него ќе биде Новак Ѓоковиќ.

https://twitter.com/RelevantTennis/status/1774535174039994524

 

Единствена неизвесност во вечерашното финале имаше на стартот од мечот, по што во петтиот гем Синер ја искористи втората брејк топка и поведе со 3:2. Сетот го потврди со уште еден брејк.

Во вториот сет, Италијанецот исто така двапати го одзеде сервисот на Димитров и славеше со убедливи 6:1.

- Оглас -

Најнови вести