Доминација на Вембанјама: Едногласно избран за „руки“ на годината

Францускиот кошаркар, Виктор Вембанјама, едногласно и заслужено ја доби престижната награда „руки“ на годината, односно наградата за најдобар дебитант во НБА лигата. Сите 99 новинари гласаа за центатор на Сан Антонио спарс, кој заслужено дојде до трофејот „Вилт Чемберлејн“.

Ова е првпат од 2016-тата година, еден кошаркар едногласно да биде избран за најдобар дебитант и воопшто прв французин со ова признание.

Вембанјана оваа сезона имаше просек од 21.4 поени по натпрвар, 10.6 скока, 1.2 украдени топки, 3.9 асистенции, додека со просек од 3.6 блокади по натпревар, не само што беше најдобар меѓу дебитантите, туку и воопшто во лигата.

- Оглас -

Најнови вести