Доминација на Винисиус и Анчелоти на уште еден годишен избор на најдобрите

Еден од најголемите и најпознати спортски канали во светот, ESPN, ги прогласи најдобрите во 2024 година, а главните признанија заминаа во рацете на членови на Реал Мадрид.

Титулата најдобар фудбалер во годината која изминува ја освои Винисиус, а Карло Анчелоти е прогласен за најдобар тренер. За најдобар млад играч, односно за ѕвезда во подем, беше прогласен Ламине Јамал од Барселона, а најдобра екипа е репрезентацијата на Шпанија.

ESPN го прогласи и мечот на годината, а тоа е четвртфиналето од Лигата на шампионите помеѓу Реал Мадрид и Манчестер сити, кое заврши 3-3.

Ајтана Бонмати од Барселона е најдобра фудбалерка, додека Каталонците го добија признанието за најдобра женска фудбалска екипа за 2024 година.

- Оглас -

Најнови вести