Шкотскиот тим ќе победи, Викторија нема да има проблем против ривалот од Косово

6736 Интер Ескалдес – Хибернијан (17 ч.)

Вистинско изненадување беше кога тимот од Андора успеа да го помине првото квалификациско коло од Конференциската лига, па сега дуелот против Хибернијан е вистински бонус за нив.

Шкотскиот преставник има поквалитетен и поискусен состав, па не би требало да има проблем уште на првиот дуел да ги реши дилемите околу тоа која екипа ќе оди понатаму.

Предлог тип: 2&0-3 (2.25)

 

6754 Викторија П’лзењ – Дрита (19 ч.)

Нема дилеми дека чешкиот тим ќе победи на овој меч против екипа која доаѓа од косовското првенство. Викторија П’лзењ заврши на третото место во првенството во кое посебно сигурно играше пред своите навивачи.

Дрита е тим кој игра отворено, сака во нападот да покаже дека е опасен и реално нема што да загуби во овој двомеч со фаворизираниот ривал.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.74)

 

6762 Фарул Констанца – Урарту (19:30 ч.)

Романскиот тим со убедлива победа од 4:1 започна во домашното првенство и сега сигурно сака тој ритам да продолжи и во Конференциската лига. Ривалот од Ерменија е по мерка за домаќините.

Урарту го изненади Пјуник и стана првак на Ерменија, а во првото квалификациско коло од ЛШ по голема драма и изведување на пенали, беше елиминран од Зрињски. Сега Урарту доби ривал кој реално е тешко да го елиминира.

Предлог тип: 1-1 (2.25)

 

6777 Осиек – Залаегершег (20 ч.)

Полни ќе бидат трибините на стадионот во Осиек, што значи дека домаќините ќе имаат голема поддршка пред своите навивачи. Овие две екипи одиграа пријателски меч пред две години и заврши без голови. На двата контролни дуела во 2018 година, Осиек се радувал со победи од 3:0 и 2:0, што треба да им дава дополнителна самодоверба на домаќините.

Предлог тип: 1Х&0-2 (2.12)

 

6786 Сутјеска – Санта Колома (21 ч.)

Дуел на две екипи кои доаѓаат од првенства кои се меѓу најслаборангирани во Европа. Сутјеска во првото коло се намачи со тим од Сан Марино и одигра два лоши натпревари во кои едвај даде по еден гол.

И гостинот од Андора едноставно има големи проболеми со постигнување погодоци, па ќе биде големо чудо ако тима има повеќе од два погодоци.

Предлог тип: 0-1 I & 0-1 II (2.25)

- Оглас -

Најнови вести