Доминираат во Бундеслигата, па здодевно му е да стои на голот без работа – Нојер вчера играше и лев бек

Германскиот репрезентативен голман Мануел Нојер е познат по честите излети далеку од својот гол, некогаш тоа резултира со киксеви и примени голови, но искусниот чувар на мрежа нема намера да се откаже од својата навика.

Баерн Минхен е доминантен во Бундеслигата (по три кола имаат 9 бода и гол-разлика 15-1), честопати Нојер нема работа, така беше и вчера во победата над Бохум од 7-0.

Во еден момент од првото полувреме, при водство на Баварците од 2-0, Нојер истрча напред речиси до центарот на игралиштето и се однесуваше како лев бек, а не како голман.

- Оглас -

Најнови вести