Новото, 33-то коло на Спортска прогноза стартува со два натпревари од Бундеслигата, и тоа во стандардниот саботен термин од 15:30 часот. Прекрасниот „ајфон 12“ сè уште го чека својот сопственик, односно играчот којшто прв ќе ја погоди тринаесетката.
Арминија Билефилд ќе ја пречека Херта, а 43,41% од играчите веруваат во домашен триумф, додека на тимот од Берлин типуваат 31,95. Дека ќе нема победник, сметаат 24,64%.
Малку повеќе играчите му веруваат на Аугсбург во мечот против Келн, каде што 65,02% се надеваат на кец, додека 25,07% сметаат дека гостите се подготвени за изненадување. Најмал број од играчите (18,91%) типуваат дека оваа средба ќе заврши нерешено.
Како што е добро познато, играчот што ќе ги погоди сите 13 натпревари за подарок ќе добие „ајфон 12“, една утка носи 1.000, додека со два промашени натпревари следува ваучер од 500 денари во Sport Life.