Дон Карим Бензема е жива легенда на Реал, немилосрдно руши рекорди и го стигна подвигот на Роналдо (Фото)

Карим Бензема повторно е клучниот човек на Рал Мадрид и со третиот гол во реваншот против Манчестер сити го заокружи новиот невиден пресврт на Кралскиот клуб, кој ќе игра финале против Ливерпул во Лигата на шампионите.

Дон Карим Бензема, како што го нарекуваат, станува жива легенда на Реал, а вечерва имаше една асистенција и клучен гол од пенал што самиот го изнуди за нов фантастичен пресврт и голема победа од 3:1 за финале.

Манчестер сити водеше од 73-тата минута на „Сантијаго Бернабеу“, но Реал пак изникна како феникс и со два гола на Родриго во 90-тата и во 92-рата минута победи во регуларниот дел со 2:1, за вкупни нерешени 5:5 со англискиот првак.

Веднаш на стартот од првото продолжение, Бензема изнуди пенал и самиот го погоди, што му е 15-ти гол во Лигата на шампионите сезонава на 11 меча.

Има неверојатен просек од гол по меч, односно 43 на 43 меча, а веќе го стигна Кристијано Роналдо со 10 гола во елиминациските фази во Лигата на шампионите.

 

- Оглас -

Најнови вести