Дон Карло е магнет за титули – Го водеше Реал до европскиот и шпанскиот трон, денеска се радуваше и со кошаркарите (Фото)

Реалч Мадрид има супер сезона во двата најпопуларните спорта на планетата, фудбалот и тенисот, а Карло Анчелоти е таличниот човек за титули во Мадрид.

Денеска популарниот Дон Карло со својата сопруга беше во „ВиЗинк“ центарот во Мадрид и ги бодреше кошаркарите на Реал, кои ја победија Барселона со 81:74 и ја освоија титулата во Шпанија со триумф од 3:1 во финалната серија.

Анчелоти претходно велемајсторски го предводеше фудбалскиот клуб до две титули, шпанската и европската.

Реал доминираше во фудбал со две титули, а Дон Карло денеска беше среќната амајлија и за кошаркарите кои се вратија на шпанскиот трон со 36-та домашна титула.

- Оглас -

Најнови вести