Дон Нелсон на стари години почнал да пуши марихуана (Видео)

Тренерот кој има најмногу победи во историјата на НБА, 78-годишниот Дон Нелсон, веќе десет години е надвор од лигата, но вели дека пензионерскиот живот му е убав, живее на Хаваите и почнал да пуши марихуана. Ова негово признание предизвика смеење и воодушевување кај присутните на прес-конференцијата на која беа и некогашните ѕвезди на Голден Стејт вориорс, Џејсон Ричардсон и Стивен Џексон.

„Каков ми е животот? Почнав да пушам марихуана. Никогаш не сум пробал додека бев играч или тренер, сега првпат пробав. Ова е нешто ново за мене. Тоа сега е полегално од порано, и убаво ми е“ – рече Нелсон кој како тренер има 1.335 победи во НБА, а како играч освои пет титули со Бостон селтикс.

Додека го кажуваше ова, Ричардсон триумфално ги крена рацете во воздух, воодушевен од признанието на славниот тренер. Нелсон го смени и изгледот, сега има подолга коса, пуштил и брада.

 

- Оглас -

Најнови вести