Интер Мајами минатата сезона испиша историја откако за првпат стана шампион во МЛС-првенството. По тој повод, претседателот на САД, Доналд Трамп, во Белата куќа направи прием на шампионите. Секако, во центарот на вниманието беше Лионел Меси, првата ѕвезда и капитен на Интер Мајами.

Додека претседателот Трамп држеше говор, во еден момент јавно ги запраша присутните: „Кој е подобар фудбалер, Меси или Пеле?“. Луѓето кои беа присутни на приемот во еден глас извикаа: „Меси, Меси“. Потоа претседателот Трамп констатираше: „Се согласувам. Мислам дека е така“.
Потоа Трамп доби на подарок дрес од Интер Мајами, но и фудбалска топка, која ја доби директно од Меси.


