Доналд Трамп ја начека Рапино: „Добар пенал“ Меган, ја испрати Америка во пеколот!

Една од најдобрите фудбалерки во историјата, Меган Рапино, последно нешто што направи во дресот на САД беше утнат пенал, таа е една од највиновните што Американките испаднаа уште во осминафиналето на Светското првенство.

Да го погодеше Рапино пеналот во четвртата серија, САД веројатно ќе победеше против Шведска во пенал-серијата, а вака ги врати противничките во игра и тие подоцна го искористија подарокот. Рапино топката ја испрати надвор од рамките на голот.

Поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп, за елиминацијата ги обвини актуелниот претседател Џо Бајден и Рапино, која во минатото го критикуваше поради ставовите кон ЛГБТ заедницата.

„Шокантниот и тотално неочекуван пораз на женската репрезентација на САД од Шведска е слика и прилика на тоа што се случува во некогаш големата нација под водство на Џо Бајден. Многу од нашите фудбалерки се отворени непријатели на Америка. Добар шут Меган, САД отиде во пеколот“, напиша Трамп на „Твитер“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести