Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, му подари персонализирана фудбалска топка за Светското првенство 2026 на Доналд Трамп.
Во исто време, беше објавено дека Трамп ќе го води организацискиот комитет за оваа светска фудбалска смотра.
„Организацискиот комитет ќе се погрижи сите фанови од сите делови на светот да се чувствуваат безбедно, среќно и да знаат дека сме создале нешто посебно. Наша цел е да организираме најдобро шоу што светот го видел досега“, изјави Инфантино додека му ги предаваше подароците на Трамп, вклучувајќи топка и дрес со неговото име.