24.8 C
Skopje
сабота, 23 август 2025

Доналд Трамп откри кога и каде ќе биде извршена ждрепката за Светското првенство

Американскиот претседател, Доналд Трамп, на средбата со претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, ексклузивно го откри датумот и местото за ждрепката за Светското првенство 2026 кое ќе се одржува во САД, Канада и Мексико.

Основниот дел од квалификациите завршува во ноември, а потоа останува да се одиграат уште бараж натпреварите, па групите за Светското првенство ќе бидат формирани на петти декември во „Кенеди центар“ во Вашингтон.

Трамп додека го држеше пехарот од Мундијалот рече: „Ова е веројатно најголемиот спортски настан во светот.“

На Светското првенство во 2026 година ќе учествуваат рекорди 48 репрезентации, а ќе бидат одиграни 104 натпревари. Мундијалот ќе се одржува од 11-ти јуни до 19-ти јули.

- Оглас -

Најнови вести