Италијанскиот голман Џанлуиџи Донарума минатото лето беше славен поради заслугите за титулата на Италија на Европското првенство, но оттогаш тој ги полни весниците и интернет-порталите со своите грешки.
Синоќа на негова душа оди голот кој го постигна Олимпик Марсеј во дербито со ПСЖ, но парижаните победија со 2-1.
Во финишот, кога Светците се обидуваа да ја задржат предноста, Донарума на секаков начин се обидуваше да го потроши времето, па имаше и шут во рекламата и откако топката му се врати, продолжи да трка со топка, наместо да ја остави противникот да изведе аут. За ова задржување на времето, Италијанецот доби жолт картон.
https://twitter.com/i/status/1515794196686385158