Донарума е првиот што реши да го искритикува Меси во ПСЖ

Џанлуиџи Донарума и Лионел Меси направија ист потег летово. Како слободни играчи си заминаа од клубовите во кои ја поминаа целата досегашна кариера (Милан и Барселона) и го ставија потписот со тимот на Пари Сен Жермен. Заедничко за двајцата е тоа што ова лето со нивните репрезентации станаа континентални прваци, а тие беа прогласувани за најдобри на турнирите. Меси беше број 1 на Копа Америка, а Донарума го доби признанието за МВП на Европското првенство.

Сега тие двајца се соиграчи, а Донарума реши да ги каже привите импресии околу доаѓањето на Меси во ПСЖ. Голманот како забелешка во играта на Меси ја посочи неговата игра со десна нога.

„Тоа е неверојатен трансфер. Кога кажа дека ќе си замине од Барселона, не можев да верувам дека ќе бидам соиграч со Меси. Тимот ни е полн со феноменални играчи. Го видов Меси на тренинг и навистина е многу добар. Има многу добра лева нога, но сепак ќе забележам дека треба да ја подобри играта со десната нога“, рече Донарума со насмевка на лицето.

Освен Меси и Донарума, ПСЖ летово без пари ги доведе и Серхио Рамос и Вајналдум, а единствено плати 60 милиони евра за Хакими од Интер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести