Џанлуиџи Донарума летово од Милан како слободен агент се пресели во Пари Сен Жермен.
Младиот италијански чувар на мрежата по неуспешните преговори со тимот каде што ја почна кариерата, се пресели во Париз, каде што добива многу поголема плата, некаде во износ од 12 милиони евра по сезона, на договор потпишан на четири години.
„ПСЖ отсекогаш беше моја судбина. Леонардо и претседателот Ал-Келаифи ме посакуваа навистина долго време и јас сум среќен тука. Иако многумина тврдат дека не сум бидејќи не сум стандарден на голот, но јас сум среќен, додека со Кејлор Навас имаме здраво ривалство и ние сме големи пријатели“, изјави Донарума.
Тој беше избран за најдобар голман во Европа за минатата година, откако со Аѕурите успеа да го освои Европското првенство откако по пенали ја победија Англија на „Вембли“.