Првиот чувар на мрежата на Милан, Џанлуиџи Донарума, одлучи да остане верен на Росонерите и со една изјава стави крај на сите шпекулации кои се однесуваа на неговата иднина. Италијанецот ќе остане во Градот на модата иако веќе неколку недели се шпекулираше дека негова следна дестинација ќе биде ПСЖ.
„Се вратив на тренинзите порано од што требаше со цел да бидам максимално подготвен за новата сезона. Подготвен сум дадам сè од себе и да помогнам да го врати Милан каде што му е местото – во Лигата на шампионите. Имав долги и емотивни разговори со челниците на клубот. Мојата одлука им е јасна на сите. Со нетрпение чекам да почне сезоната и да го започнеме процесот на целта која веќе ја наведов“, истакна Донарума за италијанските медиуми.
Евентуалната преселба во Париз требаше да изнесува околу 50 милиони евра, но љуботва кон клубот кој му пружи шанса да се појави во светскиот фудбал беше главната причина што Донарума одлучи да остане во Милано. Неговиот активен договор трае до 2021 година, а откако Донарума одлучи да не ја менува средината, се шпекулира дека раководството ќе му понуди продолжување на соработката.