Донарума исклучен уште во 10-та минута, но Мбапе му носи водство на ПСЖ (Видео)

Пари Сен Жермен води со 1-0 на гостување кај Ле Авр, стрелец беше Килијан Мбапе во 23-та минута и тоа не е ништо чудно или необично, но парижаните уште од десеттата минита се со играч помалку, затоа што црвен картон доби голманот Џанлуиџи Донарума, па сега на Италијанецот му претстои суспензија од неколку меча.

Донарума направи фаул надвор од 16-никот и за судијата немаше дилеми, му го покажа патот кон соблекувалната.

ПСЖ и со десетмина е подобар од Ле Авр, а ова е голот на Мбапе со кој се покрива отсуството на еден играч:

https://twitter.com/i/status/1731288838205591647

- Оглас -

Најнови вести