Голманот на италијанската репрезентација, Џанлуиџи Донарума, пред две години ги налути навивачите на Милан откако потпиша за ПСЖ, а претстојниот летен преоден рок може да ги дотепа бидејќи планира да се врати во Серија А и во тоа во неочекуван тим кој е голем ривал на Росонерите.
Навивачите на Милан, по заминувањето во ПСЖ во 2021 година, го означија Донарума како предавник бидејќи одби да потпише нов договор со Росонерите, а потоа и јавно му се закануваа и му порачаа да внимава кога ќе престојува во Милано.
Mentre #Donnarumma in un’intervista si augura di non ricevere fischi, la #CurvaSudMilano risponde con questo striscione. pic.twitter.com/GJ6PnTnsc5
— Pietro Balzano Prota (@PBPcalcio) October 5, 2021
„Донарума, го*но едно! Никогаш повеќе нема да биде добредојден во Милано“, стоеше во пораката на еден транспарент.
Голманот ги молеше навивачите да му простат, но неговите молби не вродија со плод, во очите на фановите на Росонерите, Донарума ќе биде предавник. Денеска „Калчомеркато“ пишува дека Донарума налето може да се врати во Серија А и тоа во еден од двата тима кои навивачите на Милан не можат да ги смислат – Јувентус.