18.8 C
Skopje
четврток, 14 август 2025

Донарума ќе го одбранеше ова, Луис Енрике се препотува по вториот гол на Тотенхем (Видео)

Тотенхем го удвои водството против ПСЖ и блиску е до освојување на Суперкупот на УЕФА.

Голот за 2-0 беше дело на новиот капитен на Петлите, Кристијан Ромеро, кој со шут со глава го совлада Лукас Шевалие. Новиот голман на ПСЖ потфрли во оваа ситуација, и прими гол кој веројатно требаше да го спречи.

Ликот на тренерот Луис Енрике по примениот гол кажува многу.

Шпанецот го преферираше Шевалие пред Донарума, а после овој кикс можеби се кае што одлучи да го избрка италијанскиот голман кој е повисок од Шевалие и ќе беше на топката при овој шут на Ромеро.

- Оглас -

Најнови вести