Донарума му даде ултиматум на ПСЖ, ако не му се исполни, ќе си замине од клубот

Џанлуиџи Донарума минатото лето дојде како големо засилување за ПСЖ од Милан, но во првата сезона позицијата меѓу стативите ја делеше со Кејлор Навас.

Италијанецот од наредната сезона се надева дека веќе нема да ја има конкуренијата на голот, а доколку биде така, тој најави заминување.

„Оваа сезона со Навас браневме наизменично на средбите, но од следната сезона се надевам дека нема да биде така. Доколку не се променат работите, тогаш можно е по крајот на следната сеозна да барам трансфер“, изјави Донарума.

Тој немаше најдобра прва сезона во тимот од Париз бидејќи беше еден од виновниците што ПСЖ испадна од Реал Мадрид, откако му подари гол на Карим Бензема.

- Оглас -

Најнови вести