Најдобриот поединец на ЕВРО 2020, италијанскиот голман Џанлуиџи Донарума, наскоро и официјално треба да стане член на францускиот Пари Сен Жермен, па завршувањето на ЕП и враќањето на фокусот кон клупската кариера го искористи за преку социјалните мрежи да се прости од неговиот досегашен клуб, Милан.
Џиџи имаше емотивно збогување со Милан.
„Некои избори се тешки, но тие се дел од созревањето на еден маж. Кога пристигнав во Милан, бев речиси дете. Осум години го носев тој дрес со гордост. Заедно со моите соиграчи и тренери победувавме и страдавме, славевме и плачевме. Со нас секогаш се и фановите, кои се незаменлив дел од тоа семејство“, напиша Донарума на почетокот.
„Со Милан постигнав некои важни лични цели, како дебито на 16 години. Сега дојде моментот да кажам довидување. Не ми беше воопшто лесно да донесам таква одлука и една објава не е доволна за да објаснам. Можеби никогаш нема да можам да го дадам точното објаснување зашто најдлабоките чувства тешко се изразуваат со зборови”, продолжи Донарума.
„Понекогаш промената е правилен избор, исправувањето пред нови предизвици преку кои ќе пораснеш и ќе се усовршиш. Сите Росонери кои ги сретнав од првиот до последниот ден во клубот, секогаш ќе останат во моето срце. На Милан со цело срце му посакувам најмногу успеси поради мојата приврзаност кон тие бои и чувството кое времето и растојанието не можат да го избришат“, завршува обраќањето на голманот.
Certe scelte sono difficili, ma fanno parte della crescita di un uomo.
Sono arrivato al @ACMilan che ero poco più di un bambino, per otto anni ho indossato questa maglia con orgoglio, abbiamo lottato, sofferto, vinto, pianto, gioito, insieme ai miei compagni…
(1/6) pic.twitter.com/JqGcfSiDi9— Gianluigi Donnarumma (@gigiodonna1) July 13, 2021