Голманот на ПСЖ и италијанската репрезентација, Џиџи Донарума, пред два дена беше ограбен, откако во неговиот дома влегле непознати луѓе и однеле се што е вредно. Тој и неговата сопруга биле врзани и одвај спасиле жива глава.
– “Мислам дека нема полошо чувство од тоа да најдеш непознати луѓе во твојот дом во три часот наутро. Бев врзан, и Алесија беше принудена да им ги даде сите вредни работи што ги имавме. Моравме да го напуштиме станот за да се спроведе истрага, сместени сме во хотел. Многу се плашев за Алесија. Бев беспомошен. Не зборувам најдобро француски и ми беше тешко да им објаснам каде се работите кои сакаа да ги земат.“ – рече вознемирениот Донарума.
Голманот мина со полесни повреди и беше примен на укажување на лекарска помош во болницата во Париз.