Донарума по грабежот не сака да остане во Париз, веќе се знае и каде ќе ја продолжи кариерата

Џанлуиџи Донарума во моментов важи за еден од најдобрите светски голмани. Пред извесен период тој и неговата сопруга беа цел на страшен грабеж во нивниот дом во Париз, а овој настан е причината поради која тој сака да си оди од ПСЖ и да се врати во Италија.

Италијанецот пред две години во ПСЖ пристигна од Милан, кој воедно е негов матичен клуб, а сега е пред враќање во татковината. Најголем фаворит за неговиот потпис е Јувентус, но останува клубовите да се договорат околу висината на обесштетувањето, а неофицијално голманот веќе побарал од раководството на ПСЖ да биде ставен на трансфер-листа.

Моменталната вредност на голманот е 45 милиони евра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести