Донарума повторно е англиски пеналџиски „крвник“, го исфрли Ливерпул од Лигата на шампионите

ПСЖ беше подобар од Ливерпул после пенали, а јунак на Светците од Париз е голманот Џанлуиџи Донарума кој им ги одбрани шутевите од 11 метри на Дарвин Нуњез и Кертис Џонс.

Донарума пред три ипол години во финалето на ЕП им донесе победа на Италијанците над Англија во Лондон, а и вечерва Италијанецот пак беше кобен по англиски тим во пенал рулет.

Ливерпул беше еден од главните кандидати за трофејот во ЛШ, но не стигна ни до четвртфиналето во кое ПСЖ ќе се сретне најверојатно со Астон Вила.

Ова е историски потфат за францускиот првак, за првпат Ливерпул е елиминиран во ЛШ откако го добил првиот меч на гости.

- Оглас -

Најнови вести