Донарума пристигна да го стави потписот на договорот со новиот клуб (Видео)

Џанлуиџи Донарума во новата сезона ќе биде играч на францускиот Пари Сен Жермен. Ова стана јасно откако Донарума попладнево беше забележан како слетува во Париз за да се сретне со челниците на Светците.

На Донарума летово му истече договорот со Милан и остана слободен играч, што значи дека ПСЖ нема да потроши ниту едно евро за трансфер на голманот кој блесна на неодамна завршеното европско првенство.

Италија стана европски првак, а токму Донарума беше прогласен за најдобар играч на првенството. Тој е првиот голман со ваква награда по Питер Шмајхел, кој ја доби МВП наградата на ЕП 1992 година.

Со доаѓањето на Донарума, ПСЖ потврди дека создава тим за да ја врати титулата во Франција, но и да се бори за европскиот трон во Лигата на шампионите. Претходно во ПСЖ како слободен играч дојде и легендарниот капитен на Реал Мадрид, Серхио Рамос.

https://twitter.com/i/status/1415322009618337792

 

- Оглас -

Најнови вести