Донарума во Милано дочекан како најголем непријател

Џанлуиџи Донарума е главниот херој на италијанската репрезентација која летово стигна до европската титула, откако голманот на Аѕурите го доби приматот за МВП на турнирот.

Веднаш по завршување на континенталниот собир, Донарума реши да си замине од Милан и без никакво оштетување го напушти „Сан Сиро“ облекувајќи го дресот на Пари Сен Жермен. По овој потег, Донарума стана главен предавник за навивачите на Милан, па тие не заборавија да го „поздрават“ пред утрешниот меч на Италија против Шпанија во Лигата на нациите.

„Донарума, го*но едно. Никогаш веќе нема да бидеш добродојден во Милано“, стоеше на паролата на еден мост. Донарума треба да биде на голот на Италија во дербито против Црвената фурија, но сега негов најголем противник ќе бидат навивачите на Милан.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести