Донарума: За Италија би бранел и без прст!

На мечот од Лигата на нациите кој Италија го доби против Унгарија, голманот Џиџи Донарума ја носеше и капитенската лента, а бранеше повреден.

Чуварот на мрежата на Аѕурите има повреда на прст на раката, пред два дена мислел дека нема да може да брани, но лекарите си ја завршија работата и тој го бранеше својот гол.

„Неверојатно е чувството да се носи дресот со бројот 1 и да се има капитенската лента. Емоциите ми се многу силни, за Италија би бранел и без прст“, изјави Донарума.

- Оглас -

Најнови вести