Голманот на Пари Сен Жермен, Џанлуиџи Донарумам одигра едвај 20-тина минути на дербито против Монако. Италијанскиот чувар на мрежата беше жестоко фаулиран и удрен директно во лицето со крампоните од копачката.
Лекарите веднаш реагираа, а по направените лекарски прегледи, на Донарума на лицето ми биле ставени 10 конци.
🚨⚠️ Gigio Donnarumma’s conditions pictured by @ArthurPerrot… after a foul suffered by Wilfred Singo. pic.twitter.com/KQRkASiyMO
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) December 18, 2024
Интересно е дека Синго, кој го повреди Донарума, не доби ниту жолт картон за опасниот старт што го направи, но играчот на Монако јавно се извини.
„Би сакал да му се извинам на Џанлуиџи Донарума и да му посакувам брзо закрепнување“, истакна Синго.
Од ПСЖ најавија дека Донарума ќе има неколку дена одмор за да може добро да закрепне. Светците победија во дербито против Монако со 4:2.