Одлично се погоди – Тројца од најдобрите седум стрелци во НБА играат ноќеска, Дончиќ, Џа и Фокс ќе бидат во плус со поени

8446 Лука Дончиќ (НБА, Бруклин – Далас, 01.30 часот)

Бруклин игра слаба одбрана, иако има потенцијал за да игра солидна дефанзива, па тоа може да го искористи еден од најдобрите кошаркари на денешницата.

Лука Дончиќ си игра стандардно на високо ниво, а и новата сезона ја почна кошгетерски расположен и со просек од 34.7 поени по меч.

Со тој просек е трет стрелец во НБА, зад Јанис Адетокумбо и Џа Морант.

И Далас и Бруклин имаат по само една победа на стартот на новата сезона, Маверикс на три, а Нетс на четири меча, па триумф многу ќе значи и за двете екипи кои имаат амбиции за титулата, иако не се главни фаворити.

Дончиќ знае да игра вакви мечеви, кога победата е на рамниште на императив поради скромниот старт на Далас и очекуваме да го наполни кошот на Мрежичките.

Предлог тип: >31.5 поени (1.87)

 

8439 Оклахома сити тандер – Л.А. Киперс (НБА, 02 часот)

Клиперс пак имаат многу проблеми со повреди на клучните играчи и како да им се повторува ланската сезона.

Лани Кавај Ленард не играше и тимот од Лос Анџелес остана без шанси за атак на титулата.

Во новата сезона влегоа со исти амбиции и со здрави Пол Џорџ и Кавај Ленард, но тоа траеше само четири кола.

Ленард, кој е еден од најдобрите кошаркари на денешницата пак се повреди и нема да игра, а ноќеска против Грмотевиците нема да настапи и Пол Џорџ, кој е болен.

Во составот ќе го нема и Маркус Морис, значаен клупски играч, па на Клиперс им се заканува истото сценарио од минатата ноќ кога загубија од Оклахома со убедливи 108:94.

За реприза и нов триумф на домаќините понудата во Sport Life е одлична, коефициентот за единица е 2.95 и ќе го одиграме на нашиот тикет во Полноќниот експрес.

Предлог тип: 1 (2.95)

 

8465 ДеАрон Фокс (НБА, Сакраменто – Мемфис, 04 часот)

ДеАрон Фокс почна импресивно за Кингс во новата сезона и веќе постигна 95 поени на три меча, или во просек по 31.7 поени.

За Лисицата на Кралевите тоа е одлично, но тимот и немаше некаков посебен ефект и доживеа три порази.

Со заминувањето на Бади Хилд сега Фокс е без конкурецнија лидер на Сакраменто, а според квалитетите и го заслужува тоа.

Се работи за исклучително брз и квалитетен бек, кој кога е во форма тешко се чува и од најдобрите дефанзивци во НБА.

Моментно Фокс игра импресивно и ноќеска ќе гледаме дуел на двајца расни стрелци, ДеАрон на едната страна и Џа Морант на другата, а се очекува спектакл и два одлични плуса во поени за обложувачите.

Предлог тип: >25.5 поени (1.87)

 

8471 Џа Морант (НБА, Сакраменто – Мемфис, 04 часот)

Со импресивниот бек на Мемфис нема утка на почетокот на сезоната во НБА лигата и Џа немилосрдно го полни кошот на противниците.

Има просек од 35.3 поени по меч и засега е втор најдобар стрелец во најсилната лига, само зад Јанис Адетокумбо, кој уфрла просечно по 36 поени.

Ноќеска е шанса за Морант да го престигне, а Сакраменто е профил на екипа што совршено му одговара на најдобиот играч на Мечките.

Морант има одиграно само еден меч против Кингс, во ланската сезона и постигна скромни 18 поени, но тогаш Мемфис направи голема разлика и го декласира Сакраменто, па немаше потреба за поголема минутажа за бекот на Гризлис.

Предлог тип: >30.5 поени (1.87)

 

8367 Чикаго блекхокс – Едмонтон ојлерс (НХЛ, 02.30 часот)

Едмонтон подолг период е машина за давање голови, но Ојлерс и примаат многу погодоци, па тие се една од екипите што носат добивки кога се игра на плус голови.

Сезонава и Чикаго игра ултра-ефикасно, а Блекхокс влегоа и во победнички ритам со четири триумфи по ред во НХЛ лигата.

Мек Дејвид, Драисајтл и Наџент-Хопкинс кај Едмонтон пак се расположени за голови и се во Топ-30 најдобри стрелци на стартот на сезоната, а и Чикаго има свои адути, но некако ги има повеќе и порамномерно распоредени со голови и асистенции.

На 7 од последните 9 меѓусебни дуели на Блекхокс и Ојлерс имаше повеќе од пет гола, а ќе типуваме дека и ноќеска ќе има доста погодоци, и тоа најмалку шест.

Предлог тип: >5.5 гола (1.45)

 

- Оглас -

Најнови вести