29.8 C
Skopje
понеделник, 8 септември 2025

Дончиќ алармираше: Многу ме боли, морам да одам на терапија

Лука Дончиќ одигра историски меч на Европското првенство, откако постигна неверојатни 42 поени во победата на Словенија против Италија од 84:77. Дончиќ буквачно сам постигна точно половина од поените кои беа доволно за Словенија да се пласира во четвртфиналето на континенталниот собир.

По мечот, херојот Дончиќ загрижи со својата изјава дека е повреден.

„Беше многу тешко. Физички многу тежок натпревар. Знаевме дека Италија има многу адути, но на крајот издржавме. Мислам дека нашите момци одиграа сјајно. Тука сме сите заедно и сите заедно губиме, но и сите заедно победуваме. Нема поединци. Затоа секоја чест на сите. Сите кои играат за тимот“, рече Дончиќ, а потоа откри:

„Многу ме боли. Треба да одам на терапија. Сепак, се надевам дека ќе бидам добро“, рече Дончиќ.

Во четвртфиналето Словенија ќе игра против Германија, селекција која е актуелен светски првак.

„Од почетокот на првенството веруваме во нашите можности. Веруваме дека може да одиме уште напред. Пред нас е Германија, но ние нема да се предадеме. Секоја чест за сите момци“, додаде првата ѕвезда на Словенија, Дончиќ.

- Оглас -

Најнови вести