Лука Дончиќ одигра феноменална прва четвртина, крајот на натпреварот го дочека како најдобар стрелец и асистент, а ЛА лејкерс ја победија екипата на ЛА клиперс со 135-118. Натпреварот се играше во рамките на НБА Купот, во кој двете екипи пред овој дуел имаа скор од 2-0.
НБА Купот се игра во рамките на сезоната, а сите натпревари, освен финалето, се вклучуваат во ефектот на екипите во основниот дел од сезоната. Натпреварувањето започнува со групи, шест групи по пет екипи, од кои победниците влегуваат во четвртфиналето. Во четвртфиналето влегува и по една најдобра второпласирана екипа од групната фаза од секоја конференција.
Градското дерби ЛА клиперс го дочекаа со негативна низа од десет порази во последните 12 натпревари.
5/5 from three-point land for Luka Dončić 🤯
— Los Angeles Lakers (@Lakers) November 26, 2025
(It's the first quarter) pic.twitter.com/GkFdyYN6wZ
Лука Дончиќ одигра фантастична прва четвртина во која погоди пет од пет обиди за три поени. По неа, имаше постигнато 24 поени. На полувреме имаше 32 поени, а во вториот дел малку „се олади“, па натпреварот го заврши со 43 поени, девет скока и 13 асистенции.
Добар за ЛА лејкерс беше и Леброн Џејмс, кој се враќа во форма откако го пропушти почетокот на сезоната. Постигна 25 поени, имаше шест скока и шест асистенции. Остин Ривс додаде 31 поен и имаше девет асистенции.
Големо изненадување приреди Вашингтон со победата над Атланта со 132-113, додека Орландо како гостин ја совлада Филаделфија убедливо со 103-144.

