Дончиќ блесна со нов трипл-дабл, но Далас го претрпе еден од најтешките порази сезонава (Видео)

Бостон селтикс покажа зошто е тимот со најдобар скор во НБА лигата, откако на свој терен убедливо со 138:110 го победи Далас маверикс. Кај гостите залудна беше одличната игра на Лука Дончиќ кој на крајот заврши со трипл-дабл од 37 поени, 12 скока и 11 асистенции, затоа што бостон немаше милост и победи со дури 28 поени разлика.

Гостите од Далас поведоа со 3:0, а потоа Бостон стигна до 8:3 и од тој момент до крајот постојано имаше водство. Маверикс некако се обидуваа да држат резултатска неизвесност во првите три четвртини кога имаа заостанување од 12 поени, но во последната четвртина Бостон заигра речиси перфектно и ја доби со 36:20, па на крајот стигна до победа од 28 разлика.

Џејсон Татум со 32 поени, Џелејн Браун со 25 поени и Кристапс Порзингис со 24 беа предводници на победничкиот тим. Бостон сега има 47 победи во 59 меча сезонава, додека Далас го претрпе 26 пораз во 60 средби.

Милвоки бакс го победи Чикаго со 113:97 на гостински терен, во меч на кој блескаше Јанис Адетокумбо со 46 поени, 16 скокови и шест асистенции.

Голден Стејт продолжи со добри резултати и стигна до 11 победа во последните 13 дуели, откако на гости го победи Торонто со 120:105. Стеф Кари беше прв стрелец на мечот со 25 поени.

Во мечевите кои ноќеска се одиграа во НБА лигата: Детроит – Кливленд 100:110, Филаделфија – Шарлот 121:114, Бостон – Далас 138:110, Торонто – Голден Стејт 105:120, Мемфис – Портланд 92:122, Минесота – Сакраменто 120:124 по продолжение, Њу Орлеанс – Индијана 129:102, Чикаго – Милвоки 97:113, ЛА клиперс – Вашингтон 140:115.

- Оглас -

Најнови вести