Далас маверикс му нареди на својот најдобар играч, Лука Дончиќ, летово да ослабе и на подготовките за новата сезона да се појави во топ форма, објави новинарот на „Атлетик“, Тим Като.
„Лука престана да ужива во кошарката. Мислам дека ова ќе го натера следната година да се посвети на НБА лигата. Ќе биде во најдобра форма во досегашната кариера. Прашање е дали ќе може да издржи и да ја одржува тежината цела сезона“, изјави анонимен извор од Далас за „Атлетик“.
Во Далас стравуваат да не им се повтори ситуацијата од минатото лето кога на подготовките во Далас пристигна со 118 килограми, а идеалната тежина му е 104 килограми.
Откако медиумите дознаа за наредбата од Далас, Дончиќ на социјалните мрежи објави дел од тренинзите во Словенија пред почетокот на подготовките за претстојното Светско првенство (25 август – 10 септември) кое ќе се одржи во Јапонија, Индонезија и Филипини.
https://twitter.com/i/status/1679829746610233346