Дончиќ добива мултимилионски договор, ќе биде во топ 5 најплатени играчи во НБА

Лука Дончиќ само во три сезони покажа дека ќе биде еден од кошаркарите кои ќе остават голем впечаток во историјата на НБА-лигата. Како трет избор на драфтот во 2018 година од страна на Далас маверикс, Дончиќ за брзо ги освои американските љубители на кошарката, а статистиката која постојано му се подобрува, му гарантира вистинско богатство.

Имено, по крајот на сезоната, Дончиќ ќе го прифати максималниот договор на пет години за да остане во Далас, со којшто ќе влезе во топ 5 најплатени играчи во НБА-лигата. До јули 2027 година Дончиќ ќе инкасира вкупно 201,5 милиони долари, поточно колку што изнесува платата на Стеф Кари во Голден стејт.

Пред Дончиќ ќе има само тројца поплатени играчи, тоа се Расел Вестбрук со 207 милиони долари, Џејмс Харден 228 милиони долари и Демиен Лилард со 257 милиони долари.

Во регуларниот дел од оваа сезона, словенечката суперѕвезда бележеше учинок од 27 поени, 8,6 асистенции и 8 скока, додека во плејоф-серијата против ЛА клиперс, во која загуби во мајсторка, Дончиќ беше неверојатен со 35,7 поени, 10,3 асистенции и 7,9 скока по натпревар.

 

- Оглас -

Најнови вести