2.8 C
Skopje
понеделник, 24 ноември 2025

Дончиќ доминираше, Лејкерс за малку ќе направеше „од готово – вересија“ (Видео)

Лука Дончиќ уште еднаш потврди дека игра во фантастична форма и беше најзаслужен за победата на ЛА Лејкерс на гостувањето кај Јута со 106-108. Словенечкиот репрезентативец имаше ефект од 33 поени, 11 скока и осум асистенции, а Лејкерси во самиот финиш на мечот имаа +13, но на крајот мораа да се спасуваат во пенал-завршница.

Лука Дончиќ на овој меч постави рекорд каков на никого претходно не му успеало во НБА лигата. Тој оваа сезона настапи на 12 од 16-те меча и стана првиот кошаркар во историјата на НБА лигата кој на првите 12 натпревари дошол до ефект од 400 поени и 100 асистенции, бидејќи со ефектот против Јута дојде до неверојатни бројки од 414 поени и 107 асистенции.

Резултати:

Атланта – Шарлот 113-110
Бостон – Орландо 138-129
Кливленд – ЛА Клиперс 120-105
Торонто – Бруклин 119-109
Оклахома – Портланд 122-95
Феникс – Сан Антонио 111-102
Јута – ЛА Лејкерс 106-108

- Оглас -

Најнови вести