Дончиќ е маестрален, Далас пак води во серија каква што НБА не памети (Видео)

Лука Дончиќ пак беше маестрален и со 42 поени, 14 асистенции и 8 скока го предводеше Далас до нова предност во плејофот-серијата со Лос Анџелес клиперс.

Засега пресметката на овие две екипи во плејофот е незапамтена во НБА-лигата бидејќи победуваат само гостинските екипи. Ноќеска Далас беше подобар, славеше со 105:100 и поведе со 3:2.

Дончиќ го почна мечот со пет погодени тројки од пет обиди и стана само вториот кошаркар во историјата на НБА-лигата што постигнал 40+ поени, забележал 8+ скока и имал 14 асистенции на ист меч.

Претходно тоа му успеа само на Леброн Џејмс.

Сега Далас пак ќе игра на домашен терен и ќе има шанса да го разбие проклетството во серијата со Клиперс и за првпат да победи како домаќин за пласман во четвртфиналето.

Таму од ноќеска се Филаделфија по победата против Вашингтон визардс со 129:112, Атланта по триумфот над Њујорк никс со 103:89 и Јута џез, откако го победи Мемфис гризлис со 126:110. Сите три екипи ги добија плејоф-сериите со резултат од 4:1.

Во Источната конференција веќе се знаат двете полуфиналиња. Бруклин нетс ќе игра против Милвоки бакс и Филаделфија 76 ќе ѝ излезе на мегдан на Атланта.

Во Западната конфереција само Јута џез се пласира во полуфиналето, а во останатите три серии резултатот е 3:2 за Далас против Л.А. клиперс, за Денвер против Портланд и за Феникс со Л.А лејкерс.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести