Дончиќ е подготвен за танц против Дурант, шампионот ќе го загуби градското дерби

8332 Лука Дончиќ (Далас маверикс – Бруклин нетс, 01:30ч)

Дончиќ сезонава двапати ги надигра Мрежичките кои ноќеска во Далас ќе гостуваат без еден играч од големата тројка, Џејмс Харден. Иако Дурант и Ирвинг и тоа како може да му наштетат на словенечкиот виртуоз, Лука е подготвен за танц против големите ѕвезди на НБА како што тоа го стори во претходните две победи.

Против Мајами не успеа да го одржи просекот од над 30 поени, но сега ќе мора да биде најголем потрошувач на топки со цел Далас да продолжи со победничкиот ритам.

Предлог тип: Дончиќ >30,5 поени (1.85)

 

8339 Кајл Лаури (Торонто репторс – Вашингтон визардс, 01:30ч)

Искусниот плеј на Рептилите тешко ќе се носи против незадржливиот Вестбрук, кој ја пронајде формата и практично секој меч остварува трипл-дабл.

Лаури потсети на најдобрите денови против Лејкерс со 37 поени, но го пропушти второто гостување во Лос Анџелес против Клиперс, а ноќеска колку и да биде значаен за Торонто, нема да може да го достигне просекот во поени.

Предлог тип: Лаури <19,5 поени (1.85)

 

8328 Детроит пистонс – Мемфис гризлис (02ч)

Мемфис до крајот на регуларниот дел мора да победува што повеќе натпревари за да се најде во разигрувањата, односно да го осигури местото меѓу екипите кои ќе играат плејин.

Затоа се очекува Гризлите ноќеска да го надиграат најслабиот тим од Истокот, кој веќе е во лоша серија од четири порази. Мемфис воедно ќе може да оствари двоен триумф над Детроит, откако сигурно го победи пред околу три месеци.

Предлог тип: 2-2 (1.63)

 

8384 Стеф Кари (Голден стејт вориорс – Оклахома сити тандер, 04ч)

Кари речиси сигурно ќе продолжи со одличната серија од 30+ поени како во претходните четири натпревари, што значи дека Оклахома ќе биде следната жртва на разиграната ѕвезда на Воините.

Оклахома во лош момент и со негативна низа од четири порази гостува кај Голден стејт, чија цел е да избори пласман во плејин-фазата, па во период од дваесетина дена повторно ќе трпи разочарување од екипата која до неодамна доминираше со НБА-лигата.

Предлог тип: Кари >35,5 поени (1.90)

 

8331 ЛА клиперс – ЛА лејкерс (04ч)

Клиперси би требало без многу проблеми да го надиграат градскиот ривал и актуелен шампион, ако се знае дека Џејмс повторно е аут поради истата повреда на глуждот. Иако Дејвис се врати, Езерџиите се мачат да воспостават победнички ритам, додека двете екипи со идентична форма од две победи и три порази ќе влезат во дербито кое ќе се игра пред ограничен број на публика.

Ова е петти и последен меѓусебен дуел за сезонава на ривалите од Ел-Еј, по што ќе се знае кој ќе биде овосезонскиот кошаркарски владетел со Градот на Ангелите, со оглед на тоа дека билансот моментално е 2-2.

Предлог тип: 1 хендикеп -7,5 (1.88)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести