Дончиќ ги малтретираше Клиперси, па им донесе победа за 2-2 на Далас, и тоа бандажиран и без Порзингис (видео)

До последен миг беше неизвесен настапот на Лука Дончиќ во четвртиот меч на Далас против ЛА клиперс поради повредата на левиот глужд, но младата ѕведа на Маверикс сепак собра сили да одигра историска партија во победата од минимални 135:133 над тимот од Ел-Еј.

https://twitter.com/NBA/status/1297669501983633408

Дончиќ е само вториот најмлад играч во историјата на НБА-лигата кој реализирал троен учинок во два последователни меча од разигрувањата по Меџик Џонсон. Словенецот имаше 28 поени, 11 скока и 12 асистенции на четири минути до крајот на третиот период, во кој постигна 13 поени.

https://twitter.com/dallasmavs/status/1297650136080953344

Далас ја доби четрвртината со 35-19 и воедно го сврте резултатот во своја корист, по што им претстоеја 12 минути до израмнување во серијата на 2-2 против фаворизираните Клиперси. Во моменти кога се кршеше резултатот, Лука погоди две неверојатни тројки со кои поведоа 116:111, но Ленард и Вилијамс немаа намера да дозволат лесен пораз во финишот, по што Канџата погоди за израмнување на 121:121, а потоа утна за победа.

Продолжението ѝ припадна на екипата на Маверикс со 14-12, откако магичниот Дончиќ погоди тројка од речиси 10 метри преку раката на Џексон во нападот кој траеше само 3,7 секунди. За триумфот да биде уште е повпечатлив со оглед на отсуството на Кристапс Порзингис, но Дончиќ и без помошникот блескаше со 43 поени, 17 скока и 13 асистенции.

https://twitter.com/dallasmavs/status/1297647535062953984

Лу Вилијамс на другата страна предводеше на листата на стрелци со 36 поени, четири помалку реализира Ленард.

- Оглас -

Најнови вести