Дончиќ ги остави зад себе Мајкл Џордан, Коби Брајант, Леброн Џејмс…

Во втората сезона од НБА-лигата, Лука Дончиќ ја почувствува магијата на плејоф-дуелите. Младиот Словенец покажа дека и во дуелите од плејофот нема да сопре со блескавите игри. За жал на Далас, Лука не успеа да го одведе тимот до конечен триумф против Лос Анџелес клиперс и беше елиминиран со 4:2 во победи.

И покрај елиминацијата, Дончиќ одигра плејоф-серија за историја. Во шесте меча имаше просек од 31 поен, 9,8 скока и 8,7 асистенции по меч. Со овој просек, Лука е шестиот најдобар играч според просекот на поени во дебитантската серија од плејофот. Ниту еден играч во историјата немал просек со 31 поен и над осум скока и асистенции.

Ако се гледа низ историјата, Дончиќ има подобар скор во првата плејоф-серија од Мајкл Џордан, Коби Брајант, Леброн Џејмс… Легендарниот Џордан во првата серија на доигрувањето бил со просек од 29,3 поени, младиот Коби не можеше да се вклопи, па имаше просек од само 8,2 поени, додека Леброн беше со просек од 30,8 поени по натпревар.

 

- Оглас -

Најнови вести