Дончиќ ги водеше Лејкерси до нова победа, двајцата кошаркари со трипл-дабл на мечот Сакраменто – Чикаго (Видео)

Лука Дончиќ повторно беше клучна фигура во новата победа на ЛА лејкерс. Езерџиите со 110-97 славеа на домашен паркет над Њујорк, а словенечкиот интернационалец беше најефикасен на мечот со 35 поени, на кои додаде и осум скока и четири асистенции.

Сакраменто славеше со 126-110 над Чикаго, но овој меч ќе остане запаметен по фактот дека двајца кошаркари успеаја да дојдат до трипл-дабл. Расел Весбрук го заврши мечот со 23 поени, 11 скока и 12 асистенции, додека Џош Гиди уфрли 15 поени, на кои додаде 12 скока и 10 асистенции.

Резултати:

Кливленд – Бостон 98-109
ЛА лејкерс – Њујорк 110-97
Торонто – Далас 122-92
Мајами – Детроит 121-110
Њу Орлеанс – Вашингтон 138-118
Сан Антонио – Хјустон 145-120
Милвоки – Орландо 91-130
Сакраменто – Чикаго 126-110
Портланд – Индијана 131-111
Феникс – Шарлот 111-99

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести