21.8 C
Skopje
вторник, 2 септември 2025

Дончиќ го „наполни“ кошот на Исланд, Грузија рутински против Кипар

Репрезентациите на Словенија и Грузија забележаа нови победи на Евробаскетот откако славеа очекувани победи против Исланд, односно Кипар.

Лука Дончиќ со 26 поени беше предводник на Словенија во победата од 87-79 против Исланд, со што Словенците го визираа пласманот во осминафиналето. Сепак, иако Словенија беше голем фаворит, многу потешко од очекуваното дојде до победата.

Првото полувреме заврши со предност само од еден поен за Словенија, 36-35, а клучната предност ја направија во третиот период, кој го добија со 13 поени разлика. Последната четвртина ја доби Исланд со 33-27, но тоа не беше доволно за резултатско враќање.

Грузија забележа лесна и убедлива победа од 93-61 над еден од домаќините на Европското првенство, Кипар, а Шенгелија со 27 поени беше убедливо најдобриот поединец на паркетот.

- Оглас -

Најнови вести