Дончиќ го одигра мечот на кариерата и застана рамо до рамо со Мајкл Џордан и Леброн Џејмс (Видео)

Мечот кој требаше да биде дерби во НБА се претвори во шоу на Лука Дончиќ, па неговиот Далас убедливо со 144:126 славеше над Лос Анџелес клиперс. Дончиќ беше незадржлив и на крајот заврши со 44 поени и неверојатно прецизен шут од поле.

Словенецот погоди 17 од 21 шута и имаше 81 отсто реализација, што му е најдобра реализација во кариерата. Лука погоди шест од девет шута за тројка, а беше безгрешен од линијата за слободни фрлања (4/4), додека од шутот за два поени само еднаш биеше непрецизно.

Покрај овој одличен шут, Дончиќ додаде и по шест скока и шест асистенции, па на крајот имаше индекс на учинок од 32. Вакви бројки никогаш претходно немал ниту еден друг кошаркар во НБА.

Интересно е дека овие бројки на Дончиќ беа за само три четвртини поминати на теренот. Словенецот одигра само 32 минути што е и клупски рекорд за толку многу поени, за толку кратко време. За Дончиќ ова беше  29 меч во кои има 40 поени и барем по пет асистенции и скока и по таа статистика е убедливо најдобар во НБА.

Откако во 1976 година е формирана единствената НБА лига, до ноќеска, само Мајкл Џордан и Леброн Џејмс можеа да се пофалат дека одиграле 30 или повеќе мечеви на кои постигнале 40+ поени, пред да наполнат 25 години. Сега во нивно друштво е и Дончиќ.

Во останатите мечеви кои ноќеска се одиграа во НБА лигата: Детроит – Филаделфија 106:114, Вашингтон – Шарлот 117:124, Бостон – Бруклин 121:107, Хјустон – Њу Орлеанс 104:101, Мемфис – Јута 121:127, Сан Антонио – Минесота 110:117, Феникс – ЛА Лејкерс 119:122 и Сакраменто – Оклахома 105:98.

- Оглас -

Најнови вести