Дончиќ го продава автомобилот со којшто учеше да вози (Фото)

Ѕвездата на Далас маверикс, Лука Дончиќ, одлучи да ги израдува колекционерите на вредни автомобили и да стави на продажба автомобил кој има посебна важност за него.

Тој одлучи да го продаде првиот автомобил кој го возеше на улиците низ Мадрид откако доби возачка дозвола, а станува збор за „порше панамера 4“.

Автомобилот е достапен само на специјализираната интернет-страница за онлајн продажба Collectingcars.com, а досега најголемата понуда изнесува 20.250 евра.

 

 

- Оглас -

Најнови вести