28.8 C
Skopje
среда, 16 јули 2025

Дончиќ и Далас немаат шанса на гости кај најдобриот тим во лигата, Воините се во одлична форма

Девет меча ќе се одиграат ноќеска во НБА-лигата, а во фокусот на вниманието ќе бидат неколку средби. Најдобриот тим во лигата (46 победи во 58 меча), Бостон селтикс, на свој терен игра против Далас маверикс. Бостон има девет триумфи по ред и е фаворит за триумф против екипата во која блеска Лука Дончиќ.

Во одличен ритам е и Голден стејт, кој е со 10 победи во последните 12 меча. Воините вечерва гостуваат кај Торонто, ривал кој е еден од најслабите во Источната конференција.

Само уште два гостински тима ја имаат фаворитската улога. Кливленд, кој е втор најдобар тим на Истокот, треба да победи на теренот кај Детроит, кој има само девет победи во 58 меча сезонава. Милвоки гостува кај Чикаго, а фактот дека гостите влегоа во одлична форма, ги прави фаворити за триумф.

На овие девет меча има и пребогата понуда за „плус-минус“ поени на кошаркарите кои треба да се појават на паркетот.

- Оглас -

Најнови вести