Далас маверикс со фантастична победа од 122-86 над Бостон на домашен терен се спаси од метла во НБА финалето и го намали резултатот на 3-1 во серијата. Оваа победа е историска, бидејќи е третата највисока во историјата на финалните серии, после оние +42 на Чикаго над Јута во 1998-мата и +39 на Бостон над ЛА Лејкерс во 2008-мата.
Лука Дончиќ беше одличен и мечот го заврши со 29 поени, а голема поддршка имаше од Ирвинг кој додаде 21 поен. Во поразената екипа најрасположен беше Тејтум со 15 поени.
Она што е интересно, екипата на Далас успеа да ги добие сите четири четвртини. Првите две со по 13 поени разлика, додека третата и четвртата со по шест. Серијата сега се сели во Бостон, а следниот меч е ноќта во понеделник наспроти вторник.