24.8 C
Skopje
сабота, 23 август 2025

Дончиќ и Ирвинг влегоа „во шема“ и беа незадржливи, Јокиќ доби ривал за МВП-титулата (Видео)

Далас маверикс предводен од Лука Дончиќ и Ирвинг го победија Сан Антонио дури со 26 поени разлика во еден од деветте меча кои утрово се играат во НБА-лигата. Словенечниот репрезентативец заврши со дабл-дабл учинок, а на крајот имаше 28 поени и беше прв стрелец во победничкиот тим. Ирвинг беше веднаш зад Дончиќ и постигна 23 поени, а кога тој беше на теренот, Далас имаше плус 34 поени, па не мораше да одигра повеќе од 29 минути на оваа средба.

Никола Јокиќ одигра уште еден одличен меч за победа на Денвер на гости кај Кливленд од 109:105. Првиот фаворит за МВП-титулата заврши со 24 поени, 18 скока и 13 асистенции за нов трипл-дабл.

Во дербито на денот, Филаделфија со 110:105 го победи Мемфис. Џејмс Харден беше шутерски расположен и заврши со 31 поен, а имаше и по седум асистенции и скокови. Сепак, најдобар на теренот беше Џоел Ембид, кој заврши со 27 поени и фантастични 19 скока, а имаше и шест асистенции и шест блокади. Американските медиуми токму во Ембид гледаат ривал на Јокиќ во трката за МВП наградата за оваа сезона.

Резултати: Кливленд – Денвер 109:115, Индијана – Бостон 138:142, Орландо – Детроит 108:106, Филаделфија – Мемфис 110:105, Торонто – Њу Орлеанс 115:110, Далас – Сан Антонио 142:116, Јута – Оклахома 120:119, ЛА лејкерс – Голден стејт 124:111, Сакраменто – Портланд 133:116.

- Оглас -

Најнови вести