Дончиќ и Јокиќ се под притисок дека мора да им донесат победи на своите екипи

Возбудувањата во НБА-плејофот вечерва продолжуваат со три меча. Филаделфија води со 1:0 против Торонто и сега на свој терен атакува на втор триумф. Домаќините се во улога на фаворити, посебно ако се знае дека пред два дена победија со 20 разлика. Хендикеп границата сега е на 7,5 поени, а реално е 76-ките да слават уште една лесна победа.

Домашниот терен го користи и Голден стејт против Денвер. Воините имаат 1:0 во победи и сега се фаворити пред своите навивачи. На првиот меч, Денвер само една четвртина даде отпор, а потоа Голден стејт доминираше и стигна до лесна победа. Главен адут за гостите треба да биде Никола Јокиќ, кој мора да одигра во МВП стил ако сака неговиот тим да израмни на 1:1 во победи.

Далас маверикс на стартот киксираше на домашен терен против Јута и загуби, па сега тимот предводен од Лука Дончиќ едноставно не смее да си дозволи нов кикс, иако и овојпат Џезерите се во улога на фаворити.

Освен на трите меча, може да се обложите и на тоа колку поени ќе постигнат 25-мина кошаркари.

- Оглас -

Најнови вести