Кошаркарската репрезентација на Грција се пласираше во финалето на квалификацискиот турнир за пласман на Олимписките игри кои ќе се играат во Париз.
Грците предводени од Јанис Адетокумбо, убедливо со 96:68 ја победија Словенија со Лука Дончиќ во тимот. Грците во текот на целиот меч доминираа. На полувреме водеа со 14 разлика, а во вториот дел предноста уште повеќе ја зголемија.
Томас Вокап со 19 поени и шест скока беше најефикасен кај Грција, а Телиополус додаде 17 поени. Првата ѕвезда на тимот, Јанис Адетокумбо заврши со 13 поени и четири скока.
Кај Словенија најефикасен беше Дончиќ со 21 поени, седум скока и пет асистенции, но имаше дури 10 загубени топки.
Грција во финалето ќе го чека подобриот од дуелот меѓу Хрватска и Доминиканска република.