Дончиќ и соиграчите правеле забава до пет наутро пред мечот со Полска

Словенија доживеа дебакл на Европското првенство во кошарка откако беше елиминирана во четвртфиналето на континенталниот турнир. Словенците на ЕП пристигнаа како актуелни бранители на тронот и беа меѓу фаворитите за златото, но на крајот не беа ниту во Топ 4.

Според кошаркарскиот портал Бхбаскет.ба, словенечките кошаркари пред дуелот со Полска во четвртфинлето имале „луда ноќ“.

„Од наши извори во Берлин дознаваме дека кошаркарите на Словенија во ноќта пред дуелот со Полска имале забава за памтење. Пијанката завршила во пет наутро“, пишува на порталот.

По една таква вечер, Словенците не можеа да се спротистават на шутерски расположениете полски кошаркари. Дончиќ во немоќ често влегуваше во расправии со судиите, па доби и техничка грешка, а поради пет лични грешки мораше да го заврши мечот токму во моментите кога се решаваше победникот.

Полска се пласира во полуфиналето, каде што беше „топовско месо“ на Франција, а потоа селекцијата загуби и во дуелот за третото место.

- Оглас -

Најнови вести